eFondovi.mk

Отворени податоци

Основните податоци за повиците може да ги преземеш и да ги користиш во свои текстови, табели и програми. Услов е да го наведеш изворот.

Датотеки

Што има во податоците

Во табелата се наслов, институција, вид, состојба, датум на објава и рок. Следуваат најмалиот и најголемиот износ, валутата, адресата на страницата на повикот и адресата на службениот извор. Рокот и износите стојат само кај повиците што се проверени според службениот документ.

Нашите резимеа, правилата за проверка на условите и историјата на измените не се дел од отворените податоци.

Услови за користење

Податоците се објавени под лиценцата „Наведи извор 4.0“ на Криејтив комонс (CC BY 4.0). Смееш да ги копираш, да ги менуваш и да ги користиш и за комерцијални цели.

Текстот на лиценцата

Како да го наведеш изворот

Доволно е името на порталот и врска до страницата од која е земен податокот, на пример: „Извор: eFondovi.mk“. Кај поединечен повик стави врска до неговата страница.

Меродавен е службениот документ на институцијата.